(ФОТО) FBI потврди – бомбите не се сечени, лепени и монтирани!

0
1368

Во новиот број на неделникот Фокус:Naslovna-1091-696x9391-670x904

ФБИ ПОТВРДИЛО ДЕКА „БОМБИТЕ“ НЕ СЕ МОНТИРАНИ!
Релевантен извор за „Фокус“ тврди дека енигмата е решена. Гласовите што ги слушавме преку „бомбите на Заев“ не се сечени, лепени и монтирани. Таков е наодот на Федералното истражно биро. Затоа веројатно беше захуктана антиамериканската пропаганда од куририте и партизанските курирки изминативе месеци. Да го обезвреднат „непријателскиот“ наод!?

ПЛАЦЕБО ИЗБОРИ
Во деновите до изборите, Груевски ќе се обиде да направи сѐ за да ги искомплицира и отежни. Дури, ако може, и да ги одложи. Ама, и ние овде, но и меѓународните пријатели, му ги научивме сите трикови и „маалски финти“. Само нека се обиде. Изгледа и некои „тешкаши“ подолго време ќе се тука

ПРВОТО ОБВИНЕНИЕ НА СЈО
Во исчекување на првиот обвинителен акт од СЈО, се говори дека први на обвинителна клупа ќе седнат седуммина вработени во УБК кои се осомничени дека ги уништувале службените белешки и документи за да ги прикријат трагите од неовластеното прислушување за што им се заканува затвор од 5 години

ЕРЕТИЧКА ТЕЗА
Она што не му успеа на српскиот вожд со „стариот лисец“ Глигоров, Груевски денес маестрално го реализира. Вториот, скриен, геополитички дел од референдумското прашање од 1991 – Македонија да склучи сојуз со анти-НАТО и антизападните сили на Балканот пастирот успешно го остварува

ПРОМАШЕНИ СУБВЕНЦИИ
Најдобар показател за непродуктивното и неефикасно доделување на субвенциите на земјоделците се податоците според кои во последните десет години кога е потрошена речиси една милијарда од буџетот, удвоен е увозот на храна и драстично е опаднат бројот на грла добиток

АКУТНА КРИЗА НА ГАК
По два месеци откако објавивме дека за шест месеци на Гинеколошката клиника починале 80-тина бебиња се појавија нови смртни случаи, овојпат на родилки. На Клиниката има и три пациентки кои се хоспитализирани веќе два-три месеци, затоа што во текот на операциите закачиле инфекции

ЕМ НЕЗАВИСНИ, ЕМ НЕИЗВЕСНИ
Македонија оваа 2016 година ќе прослави четврт век од независноста, но дали во 2041 година ќе прослави половина век од независноста е сосема друго прашање. Имаме време и сѐ уште можеме да направиме да биде поинаку, да биде подобро. Ама тоа време – истекува сѐ побрзо

Колумнисти:

Д-р Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Се одлучив пред читателите повторно да го претставам текстот под наслов НАПРЕДОК ИЛИ СМРТ, објавен во „Нова Македонија“ на 24 август 1991. Преобјавувањето на овој текст е порака до злоупотребувачите на власта, дека до крај ги имаат поништено вредностите на сите три македонски Илиндена

Гордана ПОПСИМОНОВА
Воспитана сум да ја почитувам смелоста и решителноста. Тоа што го стори Заев објавувајќи ги снимените разговори, или тоа што го прават Катица и нејзиниот тим, фаќајќи се во костец со една невидена институционално-медиумско-политичка харанга, кај мене предизвикува искрен респект

Ана ПАНОВСКА
Опозицијата треба за многу работи чесно и отворено да им се обрати  на гласачите и да им помогне да сфатат во каква каша сме. Се разбира, ако има разбирачка, ако тоа допре до нив. Ако не, нека си го остават тогаш ВМРО-ДПМНЕ да си остане, да си го искрка бесот на народот и да се доискине

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Овој сој човечиња народски се нарекуваат шутраци затоа што очигледно не се токму, им фали „даска“ и „забегуваат со умот“. Речиси целиот контингент е изнедрен од проектот „Преродба во сто чекори“, како каста на постмодерни дворски будали, односно шутови

Рамадан РАМАДАНИ
Зборот Шкендија значи искра. Искра надеж дека во Македонија се можни и многу други успеси. Дека Албанци и Македонци во еден тим можат да стигнат во Европа. Жалосно е како Шкендија остана непреведена во искра. Исто како што секојдневни искри остануваат непреведени речиси секој ден во оваa земја

Александар ТОРТЕВСКИ
На следните избори, граѓаните дефинитивно ќе треба референдумски да се изјаснат: дали се за Европа и за европскиот систем на вредности или, пак, се за тоа Македонија полека да се врати во рамките на Отоманската империја, овојпат како вазална држава