СДСМ: Во медиумскиот мрак на Никола Груевски нема место за вистината

0
1001

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува преку своите медиумски курири да шири невистини и пропаганда платена со пари на граѓаните, само со една цел – да ја сокрие вистината.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија. Или Груевски или Македонија.

СДСМ е столбот на слободна и демократска Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата.

Сите граѓани на Македонија заедно се носителите на промените за подобра и сигурна иднина.

Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест од секојдневните протести за враќање на правдата, слободата и демократијата. Се плашат од вистината дека Македонија е на нозе против Никола Груевски и криминалната банда.

Уште еднаш се потврди дека во медимскиот мрак на Никола Груевски, платен со пари на граѓаните, нема место за вистината.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се трите главни провладини мегафони, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми го бранат криминалoт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Најновиот извештај на релевантната меѓународна организација, Фридом Хаус, потврди дека од целиот регион само Република Македонија е неслободна земја.

По демократските промени, во слободна, европска Македонија предводена од СДСМ, слободата на медиумите ќе биде загарантирана“, соопштуваат од СДСМ.