СДСМ АЕРОДРОМ : НЕМА КРАЈ НА ХАОСОТ И УЖАСОТ ВО КОИ ГРАЃАНИТЕ СЕКОЈДНЕВНИ ЖИВЕАТ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПОД РАКОВОДСТВО НА ВМРО-ДПМНЕ И МУЦУНСКИ

0
739
Изминатите денови по социјалните мрежи се споделуваат голем број фотографии на граѓани од појавата на змии низ урбаните делови во општина Аеродром. Парковите, детските игралишта, паркинзите стануваат опасност по граѓаните на Аеродром.
Родителите се во страв за своите деца и секојдневно упатуваат апели до локалната власт да превземат мерки за неискосените тревници со цел да се спречи појавата на змии низ општината.
Покрај проблемот што се случува со зголемениот број на бездомни кучиња, сега поголем проблем е енормната појава на змии низ парковите во Аеродром.
Крајно неодговорниот пристап на градоначалникот Муцунски станува опасност по граѓаните на општина Аеродром. Преокупираноста на Муцунски со теми поврзани од централната политика и остварување на личните амбиции ги загрозува граѓаните на општина Аеродром.
Повикуваме општината веднаш да превземе мерки за справување со хаосот, неискосените тревници и расфрланиот шут и отпад веднаш да се исчистат.