АРСОВСКА : РЕКЕТ БРОЈ 1 ПРЕД НОВАК ГОКОВИЌ Е ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ – „ЌЕ ДОЈДЕМЕ ДО ДЕВОЈАЧКИ МОСТ“, ДОФРЛИ СЛАВЕСКИ

0
1359

Попладнево продолжи седницата на Советот на Град Скопје каде се расправа за изгорениот мост „Брегалница“, но дебатата не беше поштедена за дневно-политички поенти.

Градоначалничката Данела Арсовска реплицираше на советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Андоновска која рече дека ниту тие како советничка група ниту граѓаните до денеска не добиле никаква информација во врска со изгорениот мост.

 „Рекет број 1 пред Новак Ѓоковиќ е Христијан Мицкоски. Точка“, рече градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска.

Арсовска најверојатно не следи тенис, па Славевски веднаш ја корегираше.„Има двајца во моментов. Новак Ѓоковиќ е на трето место на АТП листата“, дофрли Славевски.
„Зборам за нашиве простори тука, најсакан рекет е Новак Ѓоковиќ, но за жал тој е само на второ место. После Христијан Мицкоски. Мицковизмот си заминува во историјата, госпоѓо, Марија. Неквалификувајте знаат граѓаните знаат која е најкримналната структура, најкриминалната партија во државата. И тие што не знаеле дознале“, реплицираше Арсовска.„Ако продолжиме вака ќе дојдеме до девојачки мост“, дофрли претседателот на Советот.