СВЕДОЧЕЊЕТО НА МАРЈАН „ДОКАЗ М“ ЗА СЛУЧАЈОТ ТАЛИР Е ОДЛОЖЕНО, ПРИЧИНА – ЗДРАВСТВЕНАТА СОСТОЈБА

0
441
Одложено за следната судска расправа е сведочењето на Марјан Стаменковски – „Доказ М” во случајот „Талир“.Стаменковски требаше да се појави во улога на сведок во случајот кој се однесува на незаконско финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Првото рочиште за „Талир” беше уште во 2019 година, а во овој случај обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети за делото „перење пари“.

На Стаменковски скопскиот Кривичен суд му изрече затворска казна во траење од три години и еден месец за пет кривични дела, односно за две дела ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело и за злоупотреба на лични податоци. Нему му беше изречена и парична казна од 5.000 евра заради злоупотреба на лични податоци, како и забрана за вршење професија или дејност поврзана со кривичните дела.