Салата од туна и макарони

0
3484

Салатата од туна и макарони е одлична и лесна, затоа може да биде одличен избор за секого. За нејзината подготовка се потребни следниве продукти:

  • 1 пакетче макарони
  • маслинки по избор
  • чери домати по избор
  • кисели краставички, ситно исечени
  • една туна во конзерва

tonno-640x426-300x200

Подготовка:

Поситни макарони се ставаат да зовријат во вода. Паралелно додека макароните се варат по избор се сечат неколку маслинки или опционално чери домати и кисели краставички. Можете да ги искомбинирате како сакате. На страна, извадете ја од конзерва туната, и додајте и сол и бибер. Додајте малку лук и масло, и некоја маслинка во неа.

Од како макароните ќе се сварат, измешајте ги сите состојки заедно и имате свеж оброк за енергија во текот на денот!

Здравје и Убавина