Кире Наумов бара привремено буџетско финансирање за следната година

0
1068

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, остварил средба со министерот за финансии, Кирил Миновски, при што разговарале за актуелни теми како задолжувањето со нова еврообврзница, исплатата на отштети за поплавените, како и за носењето на буџетот за 2017 година, пренесува „Мета“.

Наумов смета дека во вакви политички околности потребно е да се оди на „привремено буџетско финансирање“, а не да се предлага и да се усвојува нов буџет.

Тоа значи дека со одлука на влада ќе се обезбедат средства за финансирање на тековните и на планираните обврски, а привременото финансирање значи пресликување на првиот квартал од буџетот за 2016 година.

Во собраниската комисија за финансирање и буџет, денеска продолжува расправата за ребалансот на буџетот.

Со ребаланост се бараат дополнителни 36,4 милиони евра кои треба да се искористат за санирање на штетите во поплавените подрачја.

Со новиот ребаланс на буџетот, дефицитот ќе се зголеми од 3,6 на 4 проценти од домашниот бруто-производ (БДП). Приходите остануваат непроменети, на ниво на проекцијата од 174.291 милион денари. Расходите се зголемуваат од 195.472 милиони денари на 197.410 милиони денари.

Извор: Мета