САКАЛ ДА ПОЛЕТА ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ЗА ЦИРИХ СО 100.000 ЕВРА

0
630

Царинските службеници на скопскиот аеродром спречија обид на патник да полета за Цирих со кеш од 100.000 евра.
Царинската управа известува дека сознанието било по извршена контрола на патник кој патувал на релација Скопје – Цирих.
„Патникот со себе носел 100 илјади евра, при што согласно Законот за девизно работење вратени му се 10 илјади евра, а останатите кои не биле пријавени и за кои не поседувал документ се привремено задржани“, објави Царина.