СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА СИТЕ ЛУЃЕ НА ГРУЕВСКИ ВО НОКАУТ, ВМРОВСКОТО ЧЛЕНСТВО НЕ ДАВА ПОТПИСИ ЗА НЕЗАВИСНАТА ВМРОВКА ДАНЕЛА АРСОВСКА: НА КРАЈ МИЦКОСКИ СО ПАРТИСКИОТ ПЕЧАТ ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ НЕЈЗИНАТА КАНДИДАТУРА

0
1179

Денес е официјално познато дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи кандидатурата на “независната” вмровка од ССК, Данела Арсовска за градоначалничка на Скопје.

Во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека одлуката формално била донесена на денешната седница на Извршниот и Централниот комитет.

“На Скопје му е потребно способен и подготвен менаџер на градот, личност која ќе ги обедини најспособните и најкомпетентните за да се гарантира неговиот развој. Но исто така и влевање на сериозна надеж дека знаеме како треба да се обезбеди развојот на градот” – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

“Скопје мора да стане град за сите луѓе. И секогаш во нашите одлуки се водиме пред се’ од интересот на сите граѓани. Во овој случај имавме во предвид дека потребно е да се избере решение кое обединува, кое ќе може натпартиски да обедини професионалци и компетентни луѓе и личност која е докажан професионалец во својата работа. Токму ИК на партијата, а потоа и ЦК донесе одлука да го поддржи идниот градоначалник на Град Скопје, а тоа е Данела Арсовска” – изјави Мицкоски за давањето поддршка на Арсовска.

“Цврсто сум убеден дека го имаме идниот градоначалник на Скопје. Да се обединиме сите жители на Скопје околу жената која ќе го креира идниот развој на Скопје. Скопје заслужува промени, Скопје ќе се избори за промени” – убеден е Мицкоски.