РИСТЕСКИ : ВЛАСТА СЕ ОБИДУВА ДА ЈА КОРИСТИ СВОЈАТА ДИСКРЕЦИОНА МОЌ ЗА ДА ГИ ПОСТАВИ ОНИЕ ПОСЛУШНИЦИ КОИ ЌЕ СУДАТ ПО НИВЕН ТЕРК, ВМРО-ДПМНЕ ТОА НЕМА ДА ГО ДОЗВОЛИ

0
440

И на граѓаните и на стратешките партнери им е глава од реториката на власта. Треба да се изберат квалитетни кадри во судство и обвинителство, но во пракса друго се работи.  Гледаме и повторно ја избраа директорката на Академија за судии и обвинители, Ако се оценува дека е лоша состојбата во правосудството зошто повторно се дава доверба на директорката која ја водела академијата за судии и обвини тели и претходно, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески за „Топ тема на Телма.Ристески во врска со Законот за Академијата за судии и јавни обвинители истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги блокира сите штетни закони на власта.

– ВМРО-ДПМНЕ го блокира овој закон затоа што се зголемува  субјективниот човечки фактор во делот на оценување на поените каде ќе одлучуваат три лица кои се назначуваат со политичко влијание, каде власта ќе може да си ги помине своите членови како Весна Дамева која е сликана во партиски штаб, а ја промовираат како непартиски кадар, рече тој.Ристески посочи дека власта во случајов се обидува да ја користи својата дискрециона моќ за да ги постави оние послушници кои ќе судат по нивен терк.

– Поразително е да се каже дека не ја анализирале доволно работата на обвинител кој го предлагаат за уставен судија, го наградуваат. Тој кој е нем толку години за да дојде до оваа состојба да дојде до ваков криминал и корупција да доаѓа тим од странство. Кога треба квалитетни кадри, каков квалитетен кадар кога при избор на уставни судии во предлозите на СДСМ има административен правник од повеќе министерства, нагласи Ристески.Ристески прашува дали не се унаказува уставниот суд со тоа, со кадри послушници на СДСМ кои не ги ни бранат во собраниска дебата туку само креваат рака за гласање.Тој посочи и дека гледаме дека обвинителството е немо и наградено, Љубомир Јовески за тоа што молчи гледаме дека треба да награден за уставен судија.