РАСПАД НА КОАЛИЦИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ВО БИТОЛА?! – ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОВЕТОТ ГО ПРАША ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЈ ФУНКЦИОНЕР БИЛ ПРИВАТНО СО СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО ВО СТРАНСТВО!

0
1057

„Кој е директорот на јавно претпријатие во градот кој извршил злоупотреба на службената положба со користење на службено возило за приватни цели во и надвор од државата?“ Ова е прашањето кое денеска ја раздвижи политичката јавност од Битола, откако претседателката на Советот Габриела Илеивска од говорницата го постави до градоначалникот Тони Коњановски, кој пак, одговараше на советнички прашања. Во Битола под надлежност на општината се јавното претпријатие Водовод, Нискоградба, Пазари, Комуналец, ЈП за урбанизам и ЈП ИЗ Жабени, објави локалниот портал Апла.

-Како советничка група од првиот ден ја имате нашата поддршка и во овие изминати 12 месеци имаме соработка, и дел од проектите кои што сме се заложиле се задоцнети, но се во фаза на отпочнување. Имаме едно прашање до вас за кое сте надлежни само вие, а не овој Совет и на истотот не може да делува никој освен вие и би сакала да добијам одговор, прво како советник и како граѓанин. Дали вие имате информација дека некој од директорите на јавните претпријатија кои се назначени од вас, изврѓил зоупотреба на службената положба со користење на службено возило за приватни цели во и надвор од државата ?

Би сакала да добијам одговор и ако имат таква информација да ја знаеме и ние како советници о граѓаните, бидејќи и ние како советници даваме поддршка на се она што се нарекува јавно претпријатие во градот, а и како граѓани имаме право да знаеме, рече Габриела Илиевска, претседател на Советот на Општина Битола.Градоначалникот Тони Коњановски веднаш возврати дека општинскиот ревизор ќе има задача да утрврди дали некој од директорите ги пречекорил своите овластувања, при тоа најавувајќи решително дека ќе следува расчистување на ситуацијата.