ОБЛАЧНО И ПОСВЕЖО СО ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД

0
390

Времето денеска од изутрина ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои претежно на исток и југоисток ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Преку денот ќе биде значително посвежо и ќе дува умерен до силен северен ветер (и над 60 км/час) најизразен во горниот тек на Повардарието и во западните делови, информираат од УХМР.

УВ- индексот ќе биде 6.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до 19 Целзиусови степени, а максималните од 16 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер.Температурите ќе се движат од 16 до 21 Целзиусов степен.