ГОСТИВАР ЌЕ ДОБИЕ ПРИФАТИЛИШТЕ ЗА ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО : ЌЕ МОЖЕ ДА ПРИМИ 8 ЛИЦА

0
360

Советот на општина Гостивар едногласно ја изгласа одлуката за почеток со работа на Прифатилиштето за жртвите на семејно насилство.

Со ова прифатилиште ќе раководи невладината организација „Етика“, која беше избрана од Општинската комисија по јавен оглас, додека општина Гостивар за оваа намена издвои 1 милион и 200.000 денари.

Поради заштита на жртвите на семејно насилство, локацијата на овој центар останува тајна.

Прифатилиштето се простира на повеќе од 100 метри квадратни и таму ќе може да се сместат до 8 жртви на семејно насилство.