РАМО ДО РАМО СО ГРАЃАНИТЕ НА КРУШЕВО И ДОЛНЕНИ : ГИ РЕАЛИЗИРАМЕ СТРАТЕШКИТЕ ЦЕЛИ И ИНВЕСТИРАМЕ ВО ИНФРАСТРУКТУРАТА

0
402

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска членката на ЦО Славјанка Петровска беше меѓу граѓаните на Долнени.

– СДСМ постојано покажува што значи вистинска грижа за државата и за граѓаните. На надворешен план успеавме да ја реализираме целта за полноправно членство во НАТО и веќе започнавме преговори со ЕУ. На домашен план инвестиравме во се она што е важно за граѓаните, ги зголемивме платите и пензиите, отворивме нови работни места, а вие земјоделците, тутунарите знаете дека сега субвецниите се исплаќаат навремено, неселективно и во рекордни износи. Тоа е вистинска грижа со која ќе продолжиме и понатаму, порача Петровска.

Во Крушево беа Хари Локвенец и Борче Петковски кои порачаа дека оваа Влада на СДСМ како никоја претходно вложува во патната и железничка инфраструктура во секое населено место, додавајќи дека со изградбата на коридорите 8 и 10 Д конечно државата целосно ќе се поврзе и на линијата Исток – Запад.