ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СЛИКА Е СТАБИЛНА, ЌЕ НЕМА НОВИ РЕСТРИКЦИИ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ, ФИЛИПЧЕ: СО ВАКЦИНАЦИЈАТА ЌЕ СЕ КОНТРОЛИРА СИТУАЦИЈАТА, СЕГА СЕ ЗАТВОРААТ ДЕЛ ОД КОВИД ЦЕНТРИТЕ

0
376

“Нема дополнителни рестриктивни мерки за празниците, а дел од ковид центрите се затвораат и целата интерна клиника се враќа во нормала” – рече министерот за здравство Венко Филипче.

Сегашните рестриктивни мерки во пресрет на новогодишните празници се доволни со оглед на тоа што такви собири на јавни места има насекаде и пред Нова година. Кулминацијата ќе се достигне за време на новогодишните празници и после сето тоа ќе спласне.
Филипче рече дека не може да се предвиди дали некоја варијанта на вирусот ќе ја влоши епидемиолошката ситуација, но акцентот е ставен на вакцинацијата.

За вакцинираните, процентот е висок досега но интересот спласна.