СЛЕДИ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЧИЛИШНА СПОРТСКА САЛА ВО ОХРИД, ЗАЕВ: ЗАВРШЕНА Е РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ФАСАДАТА И КРОВОТ НА ОЕМУЦ “СВ. НАУМ ОХРИДСКИ” И РЕНОВИРАНИ СЕ ВНАТРЕШНИТЕ ПРОСТОРИИ

0
796

“Младите од Охрид и регионот добиваат современо училиште за средно стручно образование. Во рамки на мојата работна посета на Охрид и Битола, го посетив реконструираното училиште – ОЕМУЦ “Св. Наум Охридски”.

Во 2019 година со поддршка на МОН беа обновени прозорците и дел од кровната конструкција, а во 2020 година беше завршена обновата на покривот и комплетно реконструирана фасадата со што училиштето доби сосема нов лик. Дополнително, општина Охрид ги реновираше сите училници, кабинети и канцелариски простории.
Сега во тек се работите на реконструкцијата на спортската сала и на спортските терени и со тоа ова училиште го добива целосниот модерен и функционален училишен центар со сите погодности за изведување квалитетна настава.”
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ