РАМО ДО РАМО СО ГРАЃАНИТЕ НА ДЕМИР ХИСАР, ДОЛНЕНИ И КРИВОГАШТАНИ : СО СДСМ РАСТАТ ПЛАТИТЕ И ПЕНЗИИТЕ, А СУБВЕНЦИИТЕ СЕ ИСПЛАЌААТ НЕСЕЛЕКТИВНО

0
501

Тимови од караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ и денеска се на терен, меѓу граѓаните.

Членот на ИО на СДСМ, Никица Бачовски заедно со Борче Трпевски беше во општина Демир Хисар.

– Во СДСМ земјоделците имаат сигурен и докажан партнер со кој заедно ги надминуваат сите предизвици. Светската економска криза ја искористивме како можност да го зголемиме домашното производство на храна и заедно со земјоделците да градиме успешни мерки и политики. Оваа година откупот на тутун заврши во рекордно време, без ниту еден проблем.  Просечната откупна цена на тутунот достигна рекордни 290 денари по килограм, што претставува зголемување од 45% во споредба со минатата година, кога беше 200 денари по килограм. Вреднување на трудот на земјоделците и повеќе инвестиции во македонското земјоделство, тоа е она што за нас во СДСМ е приоритет, порача Бачовски.

Во општина Кривогаштани беа Хари Локвенец и Борче Петковски кои пред присутните зборуваа за историската инвестиција во инфраструктурата преку изградбата на делниците од коридорите 8 и 10 Д во вредност од 1,3 милијарди евра.

Членката на ИО Тања Томиќ заедно со Филип Даскаловски беа меѓу граѓаните на општина Долнени каде зборуваа за економските политики на Владата предводена од СДСМ кои резултираа со зголемување на минималната плата на 20.175 денари и рекордно зголемување на пензиите од 8,4 отсто во месец март оваа година.