СПАСОВСКИ : НЕ Е ВИСТИНА ДЕКА МВР НЕ РЕАГИРАЛО И ДЕКА НЕ МУ БИЛА ПРУЖЕНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ НА ПЕНДИКОВ

0
421

„Имаше шпекулации дека полицијата не излегла на терен, дека не е пријавено претепувањето на Пендиков и дека некој пробал да го сокрие настанот и дека немало соодветно здравствено згрижување. Тоа е невистина. Настанот беше пријавен, припадници на МВР веднаш излегоа и направија разговор со Пендиков во болницата во Охрид, каде што беше згрижен, пред да биде префрлен во Св. Еразмо“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „360 степени“ на Алсат М.

Тој додаде дека преземени беа сите мерки и идентификуван е еден од напаѓачите.„Има и втор напаѓач, кој исто е идентификуван, но по него уште се трага. На првиот напаѓач веќе му е одредена мерка притвор од 30 дена“ рече Спасовски.Министерот рече дека и Пендиков и напаѓачите се од иста провиненција што може да се види по сликите, информациите и нивните членства.