РАМО ДО РАМО СО ГРАЃАНИТЕ НА ГОСТИВАР, ТЕАРЦЕ И ВРАПЧИШТЕ : ФРОНТЕКС Е ДОПОЛНИТЕЛНА ЗАШТИТА НА НАШАТА ГРАНИЦА НО И ИДЕНТИТЕТ

0
379

СДСМ својот 32 роденден го одбележува рамо до рамо со граѓаните, каде тимови на партијата ги посетија граѓаните на неколку општини.

Во општина Врапчиште секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ заедно со Славица Кутиров се сретна со граѓаните каде зборуваше за важноста на евроинтегративниот процес и имплементацијата на Договорот со Фронтекс.

– Фронтекс е дополнителна заштита на нашите граници, но и потврда дека македонскиот јазик денес е еднаков со сите останати официјални јазици на Европската Унија. Сето тоа немаше да биде можно без храбрите државнички одлуки на СДСМ и усвојувањето на заклучоците во Собранието од страна на напите пратеници, порача Маричиќ.

Во Гостивар беа Коста Начевски и Рената Младеновска кои пред граѓаните зборуваа за економските политики на СДСМ кои обезбедија економска стабилност и сигурност, раст на пензиите и рекордно зголемување на пензиите од 8,4 отсто.
Во Теарце меѓу граѓаните беа Филип Даскаловски и членот на ИО на СДСМ Костадин Ацевски кој истакна дека изградбата на делниците од Коридорот 8 и 10Д се стратешка инвестиција вредна 1,3 милијарди евра, од кои над 650 милиони евра ќе завршат кај домашните градежни претпријатија.