,,РАМО ДО РАМО ДО ПОБЕДА” ВО ГОСТИВАР, ВРАПЧИШТЕ И МАВРОВО И РОСТУШЕ : СЕ ГРАДАТ НОВИ 110 КИЛОМЕТРИ АВТОПАТИ, РЕКОРДНО СЕ ЗГОЛЕМУВА ДОМАШНОТО ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА

0
441

Караванот „Рамо до рамо до победа“ на СДСМ денеска беше во западниот дел од државата.

Во општина Маврово и Ростуше беа Благој Бочварски и Пламенка Бојчева.

– Владата на СДСМ како ниту една влада претходно инвестира во инфраструктурата во секој дел од државата. Реализиравме над 1.400 километри патишта за само шест години. И тука не застануваме. Започна најголемиот, најважен и највреден проект во инфраструктурата во историјата на државата. По децении зборување конечно започнаа да се градат коридорите 8 и 10 Д. Инвестиција од 1,3 милијарди евра од кои најмалку 600 милиони евра ќе останат во домашните компании, а ќе се изградат 110 километри автопати, порача Бочварски.

Меѓу граѓаните на општина Врапчиште беа Никола Рилак и Виктор Велевски.

– Во најкризната година за енергетиката во светот рекордно го зголемивме домашното производство на електрична енергија, особено во делот на капацитети од обновливи извори на енергија. Тоа за многу брзо ќе донесе повторно враќање на дневната евтина тарифа на струјата како и зголемување на енергетската независност на државата, истакна Рилак.

Во Гостивар беа Славица Грковска и Фарук Омери кои пред присутните порачаа дека СДСМ продолжува со реализација на стратешките цели со цел обезбедување подобар животен стандард за граѓаните.