РАМА ДОБИ КОШАРКАРСКИ ДРЕС ОД КОВАЧЕВСКИ, А ПОДАРИ КОЛЕКЦИЈА ВИНО

0
474

Премиерите на Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама денеска си разменија подароци во знак на пријателството помеѓу двете земји.

„Со мојот колега, премиерот Еди Рама, делиме исти визии за тоа како треба да изгледа една напредна, модерна и европска земја и регион, каде граѓаните ќе живеат со подобар стандард. Наша цел е да градиме мостови меѓу двете земји, да ја унапредуваме инфраструктурата, економијата и заедно да ги надминуваме предизвиците. Најтешката зима која е пред нас, предизвикана од светската енергетска криза и воените превирања, ќе ја пребродиме солидарно со меѓусебна поддршка и соработка“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Албанскиот премиер доби кошаркарски дрес со неговото име и број 1 и баскет потпишан од Ковачевски, а за возврат подари колекција вино.