ПЛАТИ ОД 5.000 ЕВРА : ВМРО-ДПМНЕ ГИ ОБЈАВИ ПЛАТИТЕ НА ДИРЕКТОРИТЕ НА М-НАВ

0
574

Функционери именувани од владата за еден месец заработуваат колку што поголем број од граѓаните можат да заработат за нецели две години, соопшти денес ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, извршните директори Фахрудин Хамиди и Владо Крстевски на име плата месечно добиваат по 345.000 денари, односно 266.000 денари

„Фахрудин Хамиди, претседател на управниот одбор и извршен директор во М-НАВ именуван од страна на владата месечно зема 345.000 денари на име плата. За една година тоа се 4.140.000 денари, а за мандат од четири години 16.560.000 денари. За еден мандат Хамиди, од челното место на М-НАВ ќе замине со пари за кои што поголемиот број на граѓани ќе треба да работат 43 години“, порача ВМРО-ДПМНЕ.