(ВИДЕО)Уште една БОМБА на Кирацовски: 2,6 милиони евра легнале во Сител, Канал 5 и Алфа веднаш по трагедијата во Дива населба

0
1232

„Ви  соопштив дека  13  милиони   евра  Ваши  пари,  Никола  Груевски  во   само  три  години ставил на сметките на телевизиите под негова контрола, Сител, Канал 5 и Алфа.

Денеска ќе ви соопштам колку пари легнале на сметките на Сител, Канал 5 и Алфа на 11-ти мај – понеделник, првиот работен ден, по инцидентот во кумановската Дива населба на 9-ти мај – сабота.

Pari-za-Sitel-Kanal-5-Alfa_Page_1-685x299

На сметката на телевизија Сител на 11 мај, власта на Груевски, префрлила над 930.000 евра!

На сметката на телевизија Алфа, на 11 мај, власта на Груевски префрлила над 930.000 евра!

На сметката на телевизија Канал 5, на 11 мај, власта на Груевски префрлила над 820.000 евра!

Или, власта на Никола Груевски на 11 мај  префрлила на  Сител, Алфа и Канал 5 над 2.600.000 евра!

Тоа е веднаш по трагичниот инцидент во Куманово, кога загинаа полицајци, а стотици луѓе останаа без домови. Еве ги аргументите! Што   платиле   Никола   Груевски   и   неговите   соработници   во  власта,  на  Сител,   Алфа   и Канал 5 со над 2.600.000 евра народни пари? Како   веднаш   по   трагичниот   инцидент   во   Куманово   на   9-ти  Мај,   додека   семејствата   на загинатите полицајци беа во огромна болка, додека стотици семејства останаа без кров, додека јавноста во Македонија се прашуваше што`и се случува, Никола Груевски прво на што мислел биле милионите евра народни пари за Сител, Алфа и Канал 5?

Тоа се дел од медиумите под контрола на Груевски кои што за трагичниот инцидент во Куманово оркестрирано ги лажеа граѓаните дека некој подготвувал дестабилизација на Македонија, иако информациите подоцна открија  вмешаност токму на високи политички претставници во случајот. Почитувани граѓани, ова   е   класичен   пример   како   Никола   Груевски   создава   лажна   реалност   во   Република Македонија. Тоа Груевски и неговите соработници го прават со помош на сопствениците на медиумите под   контрола,   Горан   Иванов,   Стојменов,   Јевросимовиќ,   главните   уредници  Павловиќ Латас, Богатинова, Чашуле.

Pari-za-Sitel-Kanal-5-Alfa_Page_2

Еве затоа Никола Груевски не сака да се договори за објективни медиуми. Бидејќи   Груевски   нема   да   може   да   нарачува   прилози   со   кои   се   обидува   да дестабилилизира кога ќе им текне на него и на партнерите, и тоа да се врти по цел ден на телевизиите.

Ова што денеска го соопштив е уште една од причините зошто без да се обезбедат услови за објективно известување во медиумите не се можни фер и регуларен предизборен и изборен процес.

Без фер избори не е можна нормализација и стабилизација на Република Македонија. Затоа, без медиумска регулација избори нема да има! Новата   Влада   во  Македонија   што   ќе   ја предводи   СДСМ  ќе   овозможи   непристрасно   и објективно информирање на граѓаните“, рече на прес конференцијата на дополнителниот заменик на министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Александар Кирацовски.