РАЛФ РАГНИК : МЕГВАЕР ОСТАНУВА КАПИТЕН НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ДО КРАЈ НА СЕЗОНА, КАПИТЕНОТ НЕМА ДА СЕ ПРОМЕНИ

0
815

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник ги демантираше наводите на медиумите дека постои можност да му ја одземе капитенската лента на Хари Мекгваер.

Во медиумите се појавија тврдења дека дошло до несогласување во соблекувалната на „црвените ѓаволи“ и дека новиот капитен би можел да стане Кристијано Роналдо.

„Па, морам да кажам дека тоа е глупост. Никогаш не сум разговарал со ниту еден играч за потенцијална промена на капитенот. Хари е свесен за тоа, како и Кристијано, како и сите други играчи. Така што тоа никогаш не ми беше проблем. Јас одлучувам кој ќе биде капитен и затоа нема потреба да разговарам со никој друг“, изјави германскиот стручњак.

„Хари е нашиот капитен, и тој ќе остане таков до крајот на сезоната. Немам што друго да кажам на таа тема“.

На прашањето дали овие приказни влијаеле на тимот, Рангник одговори:

„Не сум фрустриран бидејќи знам дека ништо од ова не е вистина. Веќе кажав дека никогаш немало проблем кој е капитен. Да бидам искрен, не слушам премногу што се зборува бидејќи сум фокусиран на тренинзите и подготовките за натпревари. Можам да ви кажам дека во последните 11, 12 недели имаше играчи кои не беа задоволни до крајот на преодниот рок. Имавме премногу фудбалери. Сега атмосферата е подобра“.

Следниот натпревар Јунајтед го игра во недела од 15 часот против Лидс.