НЕ ПОТПИШУВА ИЗМЕНИ ЗА ОТЕЖНУВАЊЕ НА ПОДНЕСУВАЊЕТО НЕЗАВИСНИ ЛИСТИ СО ПРАГ ОД 2%, ПЕНДАРОВСКИ: НЕ МОЖЕ ДА СЕ НОСАТ БРЗИ И ЛОШИ ИЗМЕНИ НА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК НА ДВА ДЕНА ПРЕД РАСПИШУВАЊЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

0
735

Претседателот Стево Пендаровски нема да ги потпише измените на Изборниот законик како што се најавува од партиите ако со него се бараат потписи од 2% од запишаните гласачи во општината за поднесување независни кандидатури и листи за локалните избори. Пендаровски смета дека би било штетно да се оневозможува влез на други субјекти на политичката сцена.

“Нема логика јас како претседател и највисок орган во државата да се кандидирам со 10 000 потписи, а толку да треба и за советници во Град Скопје. Препораката на ОБСЕ/ОДИХР е до 1%. Не може изборите да се распишат на 6-ти август, а 2 дена пред тоа да се носат измените” – рече претседателот Пендаровски.

Пендаровски би потпишал измени на Изборниот законик пред избори само ако се создаде општ консензус.

Измените на Изборниот закон на предлог на група пратеници веќе влегоа во собраниска процедура и тие освен препораки на ОБСЕ/ОДИХР, содржат и компромисен предлог за спроведување на локалните избори. Отворените листи се дел од предлогот со праг од 3% за преференцијалните кандидати за советници. Најмногу реакциите имаше за предлогот од 2% изборен праг за независните листи кој што се коси со препораките од ОБСЕ.