РАЗОРНА БОМБА НА РЕМЕНСКИ: ТЕКСТОВИТЕ НА ГЕРОВСКИ БЕА СКАПО ПЛАТЕНА РАЗУЗНАВАЧКА ОПЕРАЦИЈА!!!

0
1279

НОВИОТ БРОЈ НА „ФОКУС“ МОЖЕТЕ ДА ГО КУПИТЕ И ВО ЕЛЕКТРОНСКИ ФОРМАТ НА ОВОЈ ЛИНК

ЗА НЕШТАТА ДА СТАНАТ ПОЈАСНИ
Без оглед што предвидуваат анкетите и што кажуваат партиските лидери, кои секој за себе е  убеден во сопствената изборна победа, големи се шансите ова да биде еден од најнеизвесните изборни циклуси со најмала излезност. Каде вистинскиот циркус ќе се случи дури по пребројувањето на гласовите, кога и официјално ќе се отвори политичкиот пазар.

НАДЕЖИ И СТРАВОВИ
Стравот дека ДПМНЕ ќе скршне од европскиот пат газејќи го Договорот од Преспа, за едни ќе биде одлучувачко да ја поддржат „Можеме“. Или, надежта дека ВМРО ќе го врати името, „Никогаш Северна“ нели, за други, може да биде пресудно да гласаат за „Обновата“

ШТО СЕ СЛУЧУВА НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА?
Скопската Инфективна клиника, наместо да биде главно упориште на Ковид 19, таа прима пациенти само со полесна клиничка слика. На Клиниката веќе години наназад нема вработено ниту еден анестезиолог, а на помош доаѓаат анестезиолози од КАРИЛ

ФРОСИНА ТАШЕВСКА РЕМЕНСКИ: ГИ ЗНАМ СИТЕ АКТЕРИ НА ВАЛКАНАТА КОНСТРУКЦИЈА ПРОТИВ МЕНЕ!
Доскорашната пратеничка од редовите на СДСМ се фати на стапицата на обвинителката Вилма Русковска. Ременски во интервју за „Фокус“  тврди дека е меѓу обвинетите во „Меѓународен сојуз“ за  на среден рок  да се спречи нејзиното политичко дејствување.

ОБВИНИТЕЛСТВОТО НА ПОТЕГ
Сите случаи сега се во рацете на Јовески и на Русковска, кои ќе треба да ја докажат на дело декларативната подготвеност за довршување на истрагите што ги почна СЈО, за конечно да докажат дека за нив нема недопирливи

ЕКОНОМСКИ ПРОГРАМИ
Ниту економската програма на СДСМ, ниту онаа на ВМРО-ДПМНЕ не се прилагодени на новонастаната економска реалност, која е последица на здравствената пандемија. Помалите партии ветуваат од враќање на социјализмот до приклучување во Евроазиски сојуз?!

АНКЕТИТЕ КАКО ОРУЖЈЕ
Оние анкети кои најлигавите полтрони на Заев ги лиферуваат и, според кои, СДСМ просто го растура политичкиот противник, не се само бескорисни, туку се и штетни за СДСМ. Тие такви триумфалистички анкети ги демотивираат гласачите да гласаат за СДСМ на 15 јули!

Колумнисти:

Наум СТОИЛКОВСКИ
Дали МНР на Димитров вработува локалци од Брисел, без да ги пријави, без да им плаќа здравствено, социјално и пензиско. Исплаќа плата на рака, во готово. Колку што знам, трпението кај Белгијците е на работ да предизвикаат огромен скандал

Ана ПАНОВСКА
Две „уставотворки“, манипулаторки , Сиљановска и Каракамишева, со својот вообразен „интелектуализам“ и книшка наобразба може да поминат единствено кај искомплексираниот, политички несигурниот Мицкоски, кој ги голта нивните идеи

Мила ЦАРОВСКА
Почитувана професорке и противкандидатке на претстојните избори. Колку и да сакам да одржам дистанца од лични повикувања кон вас, прво од почит кон повозрасните, а потоа и поради тоа што сте жена, морам да кажам дека го претеравте

Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Оригиналната брутална партиска одмазда и пресметка со критичарите и еретиците во своите редови продолжи да се практикува и во повеќепартискиот систем. Ако во поранешниот систем едноумието беше де јуре, сега во плурализмот стана де факју!

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Гледано од страна, сѐ личи на ловџиско-рибарски приказни. Едни ќе „дале“ плата од 600 евра, други ќе ги зголемат пензиите за 40 отсто, трети ќе ги зголемат субвенциите, и така во недоглед. Партиите сѐ нешто „даваат“!? А за да дадат, нели треба од некаде да земат

Александар ТОРТЕВСКИ
Со Груевски сега нѐ плашат оние на кои тој им избега и тоа сосе парите украдени од народот. Во секој случај, јас како претседавач на ТВОЈА партија, јавно изјавувам дека сакам Никола Груевски да се врати во Македонија. Што би рекол мојот никогаш непрежален другар, барем нештата ќе бидат појасни