СПАСОВСКИ : ДЕНЕСКА ВО АМБАСАДАТА НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА СЕ ПОТПИШАВ ВО КНИГАТА НА ЖАЛОСТ

0
398

Денеска во Амбасадата на Република Србија се потпишав во Книгата на жалост.
Во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и во лично име изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на жртвите и до целиот српски народ за големата трагедија во која згаснаа млади животи.

Во овој тежок период со кој се соочува Република Србија сите ние сме сплотени во тагата и сочувството кон семејствата на жртвите. Како соседи и блиски пријатели и во овие тешки мигови сме со вас, а нашите молитви со семејствата на жртвите.
Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.