ПРИ ТРЕНИНГ ЛЕТ НАД САД, ВОЕН ПИЛОТ СЕ КАТАПУЛТИРАШЕ ОД Ф-35 КОЈ ЧИНИ 150 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА СО АПЕЛ ДО ЈАВНОСТА ДА СЕ НАЈДЕ АВИОНОТ

0
501

Американски борбен авион Ф-35 исчезна во Јужна Каролина откако пилотот се катапултираше.

Воените претставници ја повикуваат јавноста да им помогне да го пронајдат „невидливиот“ авион.

Потрагата е фокусирана на областите околу езерата Мотри и Марион северно до Северен Чарлстон каде што се наоѓа соодветната воена база.

Пилотот за време на несреќата безбедно се катапултирал и е во стабилна состојба во болница, пишува Гардијан.

Локалната конгресменка Ненси Мејс праша „како е можно да се изгуби Ф-35“.

„Дали нема уред за следење на авионот и сега бараме од граѓаните да го најдат?“, изјави таа на социјалните мрежи.

Во потрагата e вклучен и хеликоптер.