ПРИЛЕПЧАНКА ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ОТКАКО МЕТАЛНО СКЕЛЕ НА ОБЈЕКТ ВО ИЗГРАДБА ПАДНАЛО ВРЗ НЕА

0
425

Врз прилепчанката С.Н.(44), која вчера се движела по улицата „Борка Талески“ во Прилеп, паднал метален предмет од скеле на објект во изградба и се здобила со повреди.

Како што соопшти МВР, таа го пријавила случајот вчера во 17.30 часот во Полициска станица во Прилеп.

Жената била пренесена во Општата болница Прилеп, каде од лекар и се констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата работи на расчистување на случајот.