ЛДП: Судството мора да се врати на колосекот на цивилизираните општества

0
802

„Македонското правосудство денеска го одбележува Денот на основањето на судовите и поставувањето на темелите на судството во Р.Македонија.

Во ови мрачни години за функционирањето на правосудниот систем, под палката на режимот на власт, упатуваме силна порака до судството доследно да го почитува принципот на владеење на правото и заштитата на индивидуалните и колективните слободи и права.

Поединци  од „сваровски“ судството заборавија на својата улога дека треба да се грижат  за обезбедување и афирмација на правната сигурност, како и тоа дека судството треба да подразбира унапредување на високите цивилизациски и општо прифатени идеи и стандарди за демократија во општеството.

Партизацијата на правосудниот систем мора да запре и судството да се врати на колосекот на цивилизираните општества.

Воедно, изразуваме силна поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство и го охрабруваме да продолжи со разоткривање на криминалот, корупцијата и злосторствата на оваа власт во нејзиното десетгодишно владеење“, соопштуваат од ЛДП.