Куќа на море со неверојатен поглед

0
1940

На карпестите терени на шпанската покраина Гранада, студиото „Гилбартоломе Архитектс“ изгради куќа во која се измешани стилови од различните епохи и архитектонски традиции на Шпанија.

kuka na more1

Куќата е изградена во една карпа од каде се пружа прекрасен поглед кон Средозменото Море. Со целата нејзина форма, куќата креира нова естетика сместена меѓу природното и вештачкото.

2

Брановидниот покрив на куќата се надополнува на аморфните прозорски отвори, со што во комбинација со металните скали, градбата наликува на лик човек, кој може да оживее во секој момент и да изникне од карпата.

3

Покривот е изработен од плочки од цинк поставени на метална рамка, на што се надоврзуваат големите стаклени прозорци на горниот кат, каде се сместени спалните соби.

Со вметнувањето на куќата во карпата се овозможува одржување на температурата во внатрешноста на околку 20 степени Целзиусиви, а на тој начин воедно е добиена структура која потсетува на старите медитерански пештерски живеалишта.

4

Како резултат на сето ова добиена е една типична шпанска, но во исто време и авангардна и несекојдневна градба, која прекрасно се вклопува во околниот пејзаж.