Претседателот на О.К на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп не почитува и крши мерки за заштита од Ковид19

0
873

Не поминаа ниту 3 дена откако Христијан Мицкоски беше фатен како седи во затворен дел од кафеана и свесно ги крши мерките за заштита од Ковид-19, а неговите сопартијци наместо да извлечат поука од таквиот лош пример, тие во чекор и го надоградуваат неодговорното однесување на Мицкоски.

Имено, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп и кандидат за пратеник, Петар Ристески, денеска повторно ги прекрши мерките за заштита од коронавирусот, седнат во кафеана, во друштво на повеќе лица, без заштитни маски на лицето и свесно како и Мицкоски ги игнорира сите рестриктивни мерки.

И не само што ги крши мерките за заштита, Ристески дури и самиот објавил слики од тоа на неговиот фејсбук профил.

Да потсетиме, Ристески пред десетина денови заедно со другата кандидатка за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, присуствуваа на масовни собири, без да носат заштитни маски и не ги почитуваа мерките за забрането групирање, а од тоа и двајцата објавија слики на своите фејсбук профили.

И, додека целата држава се бори да ја задржи ситуацијата со коронавирусот под контрола, очигледно само функционерите на ВМРО-ДПМНЕ имаат друга цел.

Ваквото нивно несовесно однесување, свесно го толерира министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, кој наместо да ги заштити граѓаните, има само една и единствена цел- да ги заштити неговите сопартијци.

Оправдани се реакциите на граѓаните, за тоа до каде може да оди неодговорноста на Мицкоски и неговите соработници.