Богоев во Шведска: Програмата на СДСМ ќе ги задржи младите дома

0
1669

Претседaтелот на СДММ, Стефан Богоев, учествува во глобалниот семинар во Стокхолм, Шведска, на којшто се присутни повеќе од 50 претседатели на младински организации од Европа, Америка, Африка и Азија, европарламентарци, функционери од шведската Влада.

Семинарот на тема “Свет ослободен од граници“ е во организација на Интернационалната унија на млади социјалисти (IUSY/International Union of socialist youth).

Се дебатира за бегалската криза, предизвиците на земјите во светот по ова прашање, како до поуспешен и похуман третман на бегалците.

Присутните зборуваат и за актуелната ситуација во нивните земји.

– Се наоѓаме во чувствителен период, затоа е потребна помош на Македонија, но и на сите земји од Балканот. Потребно е обновување на темелите на слободата, демократијата и почитувањето на човековите права за стабилни и независни институции во коишто граѓаните ќе имаат повторно доверба. Најстрашно е кога од Македонија, од Балканот заминуваат младите и се создава нов бран на бегалци од овој регион, кои си одат поради невработеност и длабока партизација на општеството – рече Богоев.

Богоев соопшти дека во Македонија постои силна решителност за демократски промени, посебно по скандалот со прислушувањето за којшто известија сите светски медиуми, а којшто потврди со каква власт недемократска и корумпирана власт си имаат работа.

– СДСМ има реална и остварлива Програма што ќе ги задржи младите дома. По изборите младите активно ќе ја градат иднината на својата земја – рече Богоев.