ПРЕТРЕС ВО СКОПЈЕ, ПРИВЕДЕН ДИЛЕР, ПРОНАЈДЕНА ДРОГА, ПРИВЕДЕНИ КРАДЦИ ОД ПРИЛЕП, ФАТЕНИ НА ДЕЛО, КАЈ НИВ ПРОНАЈДЕНИ УКРАДЕНИ ПРЕДМЕТИ

0
497

Претрес во Скопје, приведен дилер, пронајдена дрога На 10.11.2022 во 15.30 часот на подрачјето на Бит Пазар полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.(44) од Скопје. При претрес во неговиот дом извршен по претходно издадена судска наредба полициски службеници кај него пронашле марихуана и дигитална вага. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Приведени крадци од Прилеп, фатени на дело, кај нив пронајдени украдени предмети На 10.11.2022 на ул.„Орде Кабецот“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола, Полициска станица од општа надлежност Прилеп ги лишиле од слобода Т.А.(51) и Б.А.(25) од Прилеп.

Тие биле затекнати при извршување на тешка кражба при што кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело. Двете лица биле задржани во полициска станица Прилеп и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.