ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ НА СРЕДБА СО ЏАСВИНДЕР КАИРА УПРАВЕН ДИРЕКТОР ВО ГРУПАЦИЈАТА ,,БЛЕКСТОУН”

0
311
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во рамки на работната посета на Њујорк, денеска имаше средба со Џасвиндер Каира, управен директор во групацијата, „Блекстоун“.

На средбата, Ковачевски и Каира разговараа за енергетската трансформација на државата, за проектите во областа на енергетиката, дигитализацијата, телекомуникациската инфраструктура и сајбер безбедноста.

„Блекстоун” е водечка американска инвестициска групација со седиште во Њујорк која е активна во повеќе сфери-инвестициски фондови, кредитирање, недвижности, инфраструктура, енергетска транзиција како и осигурување.

Групацијата има над 230 компании во сопствено портфолио за кои обезбедуваат долгорочен раст преку различни инвестиции во повеќе сектори, и се инвестициска компанија која придонесува кон развој на глобалната економија и економски раст.