Премиерот Заев прими благодарница од амбасадорот на Босна и Херцеговина Јаќимовиќ: Меѓусебната поддршка и солидарност се симбол на нашето пријателство и соработка

0
989

Претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Босна и Херцеговина во нашата земја Драган Јаќимовиќ.

На средбата, амбасадорот Јаќимовиќ, во име на Амбасадата на Босна и Херцеговина на премиерот Заев му врачи благодарница за финансиската поддршката што Владата на Република Северна Македонија ја даде на двата града Козарска Дубица и Костајница, во Република Српска, Босна и Херцеговина, кои неодамна беа силно погодени од бројните земјотреси.

Заеднички беше констатирано дека односите меѓу двете земји се одлични, и дека меѓусебната поддршка и солидарност се симбол на големото пријателство помеѓу двете држави и беше изразена подготвеност за унапредување на економската и билатералната соработката на двете држави.