Спасовски : Продолжува одличната соработка со полицијата на Црна Гора, пример за успешна соработка на земји кои немаат ниту еден отворен проблем

0
525

Остварив средба со потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на која потенциравме дека основа на полицискaта соработка меѓу МВР на двете земји се низата склучени договори, а посочивме и дека е неопходна заедничка соработка, со размена на информации и искуства, во полиња како борбата со организираниот криминал, тероризмот, илегалната миграција , трговијата со луѓе и сајбер криминалот, со цел спроведување на обврските во рамките на поглавјата 23 и 24 во текот на преговарачкиот процес со ЕУ.