ПРЕВРТЕН КАМИОН НА АВТОПАТОТ НЕГОТИНО – ДЕМИР КАПИЈИА, СООБРАЌАЈОТ ОТЕЖНАТ

0
239

Камион е превртен на автопатот Неготино кон Демир Капија на 100 метри после бензинската пумпа на „Макпетрол“, соопшти вечерва Авто мото сојузот на Македонија.

Скопје, 20 јануари 2024 (МИА) – Камион е превртен на автопатот Неготино кон Демир Капија на 100 метри после бензинската пумпа на „Макпетрол“, соопшти вечерва Авто мото сојузот на Македонија.

Според информацијата на АМСМ, движењето е отежнато и се пропуштаат само патничките возила, а тешките товарни возила се пренасочуваат по регионалниот пат.

МИА