РАБОТЕН СОСТАНОК НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ СО ВИЦЕ ПРЕМИЕРОТ НИКОЛОВСКИ ЗА ПЛАНОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА

0
763

Мерките од усвоениот План за борба против корупцијата, со посебен акцент на мерките со кои се опфатени општините, беа главна тема на денешниот работен состанок меѓу претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Ljupcho Nikolovski и извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ.

На средбата беше посочено дека борбата против корупцијата и криминалот е заедничка, и затоа од исклучителна важност е, во процесот да се вклучат сите чинители и да придонесат со навремено исполнување на задолженијата од Планот. Дел од предвидените мерки и активности општините треба директно да ги исполнат, а преостанатите се законски измени коишто ќе ја опфатат и локалната самоуправа.