ПРВ СУДИР НА ХАМАС И ИЗРАЕЛСКАТА ВОЈСКА ВО ГАЗА

0
648
Борците на Хамас се судрија со израелските војници во Појасот Газа, соопшти денеска военото крило на Хамас – бригадата Ал Касам, пренесе рст.рс.Се чини дека тоа е еден од првите судири меѓу двете страни на копно во Појасот Газа од избувнувањето на војната на 7 октомври.
Военото крило на Хамас соопшти дека уништиле два израелски воени булдожери и еден тенк во заседа, принудувајќи ја израелската армија да се повлече во Израел. Израелските одбранбени сили само изјавија дека „во нив се пукало кога минувале на запад, во близина на оградата со Појасот Газа, во областа Кисуфим“.„Тенк на израелските одбранбени сили нападна терористичка ќелија која пукаше кон војниците“, велат од израелските одбранбени сили.