ПРВИОТ ЧОВЕК НА „АЛКАЛОИД“’ ЖИВКО МУКАЕТОВ КУПИ 400 АКЦИИ – ФАРМАЦЕВТСКИОТ ГИГАНТ ИЗВЕСТИ ЗА ПРОМЕНИ ВО СОПСТВЕНОСТА

0
1249

Првиот човек на најголемата фармацевтска компанија во земјава, Живко Мукаетов, купи 400 акции издадени од „Алкалоид“.

За оваа промена во сопственоста информираше самата компанија преку ценовно чувствителна информација испратена до Берзата.

„Извештај за промена на сопственост на член на Управниот одбор и лица со посебни одговорности и овластувања

Известуваме дека Живко Мукаетов, Претседател на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, се стекна со 400 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје“, се вели во објавената информација од „Алкалоид“ до Берзата.