БЕСА ПРОСЛАВИ ПОБЕДА СО ЗУРЛИ И ТАПАНИ СРЕДЕ ТЕТОВО – АЛБАНЦИТЕ СЕ ПОДЕЛИЈА, ТЕТОВО НА БЕСА, ГОСТИВАР НА АЛИЈАНСА, ЧАИР, КИЧЕВО И СТРУГА НА ДУИ

0
497

Со зурли, тапани и огномет синоќа во Тетово, Беса прослави победа на вчерашните избори за Советот.

Голем број граѓани се собрани на плоштадот каде дојде и лидерот на партијата и градоначалник на Тетово, Билал Касами.

Според податоците во моментов на веб страницата на ДИК, од досега преброените гласови најмногу гласови има Беса 4 824, потоа ДУИ со 4 261.