ПРАЗНАТА СУВА КИФЛА ,,ЈА КРЕНА“ ЈАВНОСТА, ПОГЛЕДНЕТЕ ШТО ДОБИВААТ ЛЕКАРИТЕ ВО НОЌНА СМЕНА !

0
554

Доктор од универзитетска клиника за неврохирургија предизвика „бура од реакции“ на социјалните мрежи со својата објава.

Имено тој сподели каков оброк добибаат вработените, за време на ноќната смена.

Под хаштагот „Здравство на респиратор“ Ѓорѓи Петрески сподели фотографија од оброкот кој го добил за време на ноќната смена која му траела од 20 часот вечерта до 8 часот утрото наредниот ден.

– Знаете што е понижување на медицински персонал ? Знаете зошто ќе не лекува цацко за 5 години ? Ако се запрашувате како не третираат? Еве вака! – објави тој споделувајќи фотка од сувата кифла.

– Кралица на медицината била хирургија а титулата ја добила по тежина на пациентите и негата околу нив од нас професионалците што треба да им ја дадеме, и да така е. Еве јас имам 28 пациенти тешки, исклучително тешки. Денес оперирани од интензивна излезени, а и веќе имам два приема хитни од другите градови затоа што ние ја покриваме цела држава, буквално цела, сподели тој вчера.

– Еве ова е таа една, ама високо калорична кифла од 8 сантима со наградна игра внатре во неа а се вика „најди го сиренцето“ (јас имам среќа, па неколку пати го имам најдено, навистина има урда внатре верувајте ми со свои очи ја имам видено), порача докторот видно револтиран, а поддршка во реакцијата доби од јавноста.

На крајот на објавата тој сподели:

– Германијо чекајте не, утре уште еден автобус со медицински персонал трга натака, и така секој ден по еден…

Новинари реагираа дека голем број пати е истражувано на оваа тема, дека персоналот реагира со години и дека, за жал, персоналот кој работи на Клинички, но и пациентите добиваат ваква оскудна храна.

– Не знам што е понижување на персонал но знам од многу искуство што е понижување на пациент. Оваа кифла на патолошка ја јадев и ни ја даваа за доручек, ручек и вечера. Еднаш само со јогурт, еднаш со нешто како паштета, еднаш со грозна манџа. И поминал денот. Тоа е храната за пациент со ризична близначка бременост, сподели една пациентка.

– Многу пати пишувано, истражувано, снимано и по клиники и во старата и во новата кујна, со закани и напади. Се ми е многу добро познато. И ликови и тендери, се памтам. Ништо не се смени за 30 години. Згора на се сите сме биле и пациенти. Многу поминавме и проголтавме. Е, да знаеш кога маж ми сред зима на најголемиот студ ми носеше по 10 шишиња со топла вода да се истуширам. Јас со температура таму, кај храна, па и топла вода беше луксуз, го сподели своето искуство новинарката Менче Точи и додаде:

– Среќа повеќето клиники се реновираа на разни начини и осовременија, но за изборот на храната треба да реагираат експресно

Според Закон за работни односи, работодавачот е должен да му обезбеди топол оброк на работникот во ноќна смена, но очигледно ова не функционира кај нас.