ПО ТЕШКИОТ ПОРАЗ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ И ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ НА СДСМ ЗАМЕНИК ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ПАРТИЈАТА САЊА ЛУКАРЕВСКА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОД ФУНКЦИЈАТА НО НЕ И ОД ПРАТЕНИЧКИОТ МАНДАТ

0
132

Откако неколку членови и партиски функционери во СДСМ си поднесоа оставки, доцна синоќа својата оставка ја даде и потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

По тешкиот пораз на двојните избори, дел од раководството на СДСМ си поднесоа оставки. Први беа потпретседателите Фатмир Битиќи и Перо Костадинов, следна беше Јованка Тренчевска која замина од чело на Форумот на жени на СДСМ, а кон крајот на денот на Фејсбук се огласи и Сања Лукаревска.

Иако и Тренчевска и Лукаревска поднесоа оставки од функциите во партиските органи тоа не го направија со нивните мандати како што впрочем го побара Максим Димитриевски од ЗНАМ непосредно пред вториот круг на претседателските избори.