(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Режимот во 2 по полноќ ги исече дрвјата во кампусот на УКИМ за изградба на барокни факултети

0
1024

12342702_10153714153363150_8258734324743414375_n-670x377

Студентскиот пленум на својата Фејсбук страница утрово сподели фотографии од кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје.

„47 дрвја исечени во 2:30 часот по полноќ за изградба на барокни факултети. До кога бе без’рбетници, до кога?“, стои во објавата на Студентскиот пленум.

Дополнето:

Откако синоќа беа исечени дрвјата во кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје, Студентскиот пленум на својата Фејсбук страница повикува на собир во 12 часот.

„Ни го напаѓаат академскиот дом, ни ја рушат автономијата. Ако ова барем малку ве засега, дојдете во 12 часот на Плато“, стои во повикот на Пленумот.

Од таму додаваат:

„Каква иронија, одработувањето на Денот на Дрвото, започна во 2:30 пополноќ, со сечење на 47 дрва“.

12373344_1702793326617616_3810547069137732983_n-670x445 12289747_10153714153398150_6303552789051282789_n-670x377 12373321_10153714153433150_2012784948688773553_n 12341599_10153714153493150_111411869605991692_n 12366219_10153714153528150_9174820940640959760_n-670x377 12294821_10153714153573150_3478243568665947910_n-670x377