ШИЗО СООПШТЕНИЕ НА ЛЕВИЦА И АПАСИЕВ – БАРААТ ПОД ИТНО ДА СЕ ПРЕКИНАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА, ДА СЕ ПРОТЕРА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР, А АКО ВАКА ПРОДОЛЖАТ МОЖЕ И ВО ВОЈНА ДА ПРЕДЛОЖАТ ДА ИМ ОДИМЕ ВО СОФИЈА И ДА КОЉАМЕ И БЕСИМЕ СЕ ЖИВО И ДИВО ТАМУ

0
980

Левица побара итен прекин на преговорите со официјална Софија, поради како што вели, искажувањето бугарски територијални претензии кон Македонија.

Опозициската партија бара и протерување на бугарскиот амбасадор од Македонија „заради искажани територијални претензии кон државата директно од Народното собрание на една демократска држава“.

-Бараме Владата со отворено писмо да побара извинувања од претставниците на ЕУ, кои македонскиот народ и јазик го нарекоа „северномакедонски“. Бараме во Собранието на РМ веднаш на дневен ред да биде ставена Резлолуцијата поднесена од Левица против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици и истата да биде изгласана од страна на пратениците, стои во партиското соопштение на Левица.