ПО ВТОР ПАТ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП СЕ ОРГАНИЗИРА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА

0
742
На мое големо задоволство и на втората по ред крводарителска акција која ја спроведуваме во просториите на Општина Прилеп, имаме одличен одзив од граѓаните, со што уште еднаш се потврдува дека хуманоста и солидарноста во Градот Херој се на највисоко можно ниво.

Дарувајќи од драгоцената течност, односно дарувајќи дел од себе, покажуваме висока свест и разбирање за потребите на многу наши болни сограѓани и пациенти, за кои потребата од драгоцената теченост е итна и од животно значење. Од тие причини, сметам дека секогаш е добро време да се дарува крв, а пандемијата со коронавирусот не е и не смее да биде пречка за да ја покажеме нашата хуманост.

Упатувам срдечна благодарност до сите крводарители, како и до службите на Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Црвениот крст од Прилеп, за денешната успешно реализирана крводарителска акција.
Фејсбук статус на градоначалникот на град Прилеп, Илија Јованоски.