ОПШТИНА ЃОРЧЕ И ДОНАТОРИ ПОМОГНАА ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ СМЕСТУВАЊЕ ЗА СЕМЕЈСТВОТО НА КОЕ ИМ ИЗГОРЕ КУЌАТА ДОДЕКА СЕ ВО ТУРЦИЈА НА ЛЕКУВАЊЕ НА СИНОТ

0
853

Институциите на системот во соработка со Општина Ѓорче Петров ги преземаат сите неопходни активности со цел да се санира штетата која е настаната со опожарувањето на семејната куќа на Наумовски, на улица „Црногорска“, додека нивниот син е на лекување во Турција, поради тоа што боледува од тумор на Thumus жлездата, но и да му се даде сета неопходна помош на семејството Наумовски.

Како што информираше градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, во соработка со приватна фирма обезбедено е привремено сместување за семејството во стан со времетраење од најмалку една година.

-На семејството ќе му бидат исплатени 100.000 денари од Општината. Истата сума ја обезбеди и Град Скопје, од кои дел се за постоперативен зафат за Дејан. Сите системски мерки кои ги воспостави Владата се преземени и од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Скопје. Стручни лица веднаш излегоа на терен. По направениот увид и согласно правилникот на ЕПП доделена е еднократна парична помош во висина од 30.000 денари – потенцираше Наумоски.