БУГАРИЈА Е ОТВОРЕНА ЗА ДИЈАЛОГОТ СО С.МАКЕДОНИЈА, МУ КАЖАЛ РАДЕВ НА ВАРХЕЈИ

0
764

Процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија мора да биде одржлив и да се надоврзува на нејзините достигнувања во исполнувањето на критериумите за членство во Европската Унија. Ова го кажал претседателот на Бугарија, Румен Радев, на средбата со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархељи, кој е во посета на Бугарија.

Шефот на бугарската држава го искажал ставот на неговата земја „која очекува резултати во билатералниот дијалог со Македонија, вклучително и обезбедување уставни гаранции за почитување на правата на македонските Бугари и вистински дејствија за искоренување на говорот на омраза, зачувување на вековната бугарска култура и историја, како и имплементација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“.

„Бугарија е отворена за дијалог со Република Северна Македонија и со европските институции и партнери во потрагата по одржливи решенија“, рекол Радев, пренесуваат бугарските медиуми.