ПОЧНА РУШЕЊЕТО НА ГРУЈОВАТА ПЕРАЛНА ЗА ПАРИ, СКОПЈЕ 2014-ТА: ПРВА ЌЕ ГО ЈАДЕ СТАПОТ ГАЛИЈАТА КАЈ МЕПСО!

0
953

Градоначалникот Петре Шилегов на денешната прес конференција ја извести јавноста дека една од трите галии во Вардар ќе биде отстранета од Вардар, без тоа да предизвика финансиски трошоци за Градот.

-Започната е постапка за отстранување на првата галија од Вардар. Водевме сериозна постапка за отстранување на галијата без да има финансиска импликација за Градот. Сопственикот има рок од 30 дена да ја отстрани сам, или Градот тоа ќе го направи на негов трошок, рече градоначалникот Шилегов.

Градоначалникот Шилегов истакна дека безбедноста на граѓаните е на прво место, бидејќи имало сериозна опасност да ја загрози безбедноста на граѓаните, да се случи поплава.

-Дислокацијата на овој објект е втор што се отстранува, по споменикот на Ќосето  се надевам дека и во иднина ќе се создадат услови за отстранување на други објекти, рече Шилегов.

Оваа галија е во сопственост на Ниче Димовски Македон, шурата на екс градоначалникот Коце Трајановски.

Шилегов појасни дека Анексот со сопственикот на галијата бил потпишан во 2016 година, а во 2018 година добил известување дека може да почне со работа. Но објектот никогаш не проработел, а сопственикот на галијата не плаќал ниту закупнина на Градот.